Принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман или познат и како МбС лани се најде во средиштето на скандалот откако во амбасадата на Саудиска Арабија беше убиен саудискиот новинар Јамал Кашоги, инаку еден од најгласните критичари на “прогресивниот“ принц. Сега е актуелен откако е нападнато најголемото нафтено поле во неговата земја.
Полното име на принцот е Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд и е роден во 1985 година во бракот помеѓу кралот Салман и неговата трета сопруга Фахде бинт Фалах бин Султан бин Хатхлен. Со политика почнал да се занимава во 2009 година како советник во кабинетот на татко му.
Особено е интересен приватниот живот на МбС. Тој од 2008 година е во брак со неговата братучетка Сара бинт Машорм бин Абдулазис и имаат четири деца, два сина и две ќерки. Принцот е “тежок“ повеќе од три милијарди долари што е неверојатно богатство и според мерките на саудиското племство. Тој е сопственик на една од најскапите куќи на светот, палатата “Chateau Louis XIV“ за која во 2015 година искешира 300 милиони долари а во меѓувреме си купи и јахта за 500 милиони долари.
“Што се однесува до моите приватни трошоци – богат сум, не сум сиромашен. Не сум ниту Ганди ниту Мандела“, изјави принцот во март годинава.
“The New Yorker“ објави напис во кој открива дека младиот принц уште во тинејџерски денови агресивно го користел својот статус како додатно би се обогатил, иако е син на најбогатиот човек на Саудска Арабија.
Инаку, татко му, кралот Салман е тежок дури 17 милијарди долари и меѓу другото е сопственик и на вила во југоисточна Франција, каде секое лето ги нервира мештаните бидејќи им ја затвора плажата.