И Ѓоковиќ не одолеа на “десетгодишниот предизвик“

by Тони Зографски

Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил се нареди во низата познати личности кои го направија “десетгодишниот предизвик“, односно, објави две фотографии од пред десет години и од сега.  На левата фотка, од пред десет години, е во улога на манекен, додека на другата е губитник во облогот со неговиот брат.

https://www.instagram.com/p/BswmG6hglXs/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Инаку, Ноле одлучи да ја сподели  и својата утринска рутина со неговите фанови на Инстаграм, нешто што никогаш не го пропушта.

– Добро утро за сите. Значи, вака го започнувам секој ден. Прво, земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа го разгледувам мојот омилен дел во фрижидерот, каде што ги држам зелените стебла од целер. Од нив преку соковник со ладно цецење правам сок и го пијам, открива Новак.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com