Многу познати имиња го следеле натпреварот на УС Опен меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, а на истиот големо внимание привлекла сопругата на рускиот тенисер, Дарија Медведева.
Камерите токму неа често ја прикажувале затоа што таа на својот сопруг речиси постојано му давала совети и му се обраќала, а на лицето можело да ѝ се забележи доза на нервоза и видно нерасположение.
Данил по финалното натпреварување во кое Новак го порази, признал дека својата победа сакал да ѝ ја посвети токму на својата Дарија по повод годишнината од брак, но сепак тоа не му успеало.
Со тоа тој стекнал многу симпатии, а Новак дури коментирал и се пошегувал дека доколку би го знаел тоа можеби би играл поразлично, па им честитал.
Инаку, Дарија и Данил во брак се од 2018 година, таа своевремено исто така се занимавала со тенис, а после тоа одлучила да се занимава со актерство и моделинг.
Тие се запознале кога тој имал 17 години, а тенисерот често знае да истакне колку му значи нејзината поддршка и дека без неа ништо не би било исто.
„Таа е еден од најважните членови на мојот тим, благодарение на неа станав многу посамоуверен, секогаш велам дека тој момент кога ја запросив е моментот кога сѐ тргна на подобро за мене“, признал Данил во едно интервју.
Дарија на својот Инстаграм профил често објавува семејни моменти, а нејзе ја следат над четири илјади луѓе.