Алергиите можат да бидат придружени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од коронавирус. Сега секој симптом ги потсетува луѓето на ковид, без разлика дали станува збор за кашлица или течење на носот.
Еве како да разликувате сезонска алергија од коронавирус:
Проверете дали имате температура.
Алергиите сами по себе не би требало да се проследени со треска, а од друга страна, треската и температурата се некои од симптомите на ковид.
Како ви работат сетилата?
Се верува дека губењето на вкусот и мирисот се симптом на Ковид-19, а тоа не е карактеристика на алергиите.
Чешање на очите
Алергиите често предизвикуваат чешање, воденести и црвени очи. Ковидот не е поврзан со овој вид симптоми на алергиски конјунктивитис.
Земете ја предвид историјата на алергии
Многу од заболените од алергии имаат претходна историја на сезонски алергии. Значи, ако дрвјата или другите билки кои ви прават проблеми веќе почнале да цветаат, а сте имале историја на алергии, веројатно, е токму тоа во прашање.
Дали делуваат лековите за алергии?
Ако ви тече носот или е затнат, видете дали ви е подобро со земање на пропишаниот антихистаминик. Типично за алергиите, ќе почувствувате подобрување на некои од симптомите во рок од еден час од земањето на тие лекови, што не е случај со корона вирусот.