Елетра Ламборгини е внука на славниот Феручи Ламборгини, а живее типичен живот на богата, распуштена наследничка. За неа јавноста слушна во 2015. кога се појави во реалното шоу MTV’s Super Shore. Покажала дека има талент за пеење, па почнала да се занимава со музика.
Родена е на 17. мај 1994. година во богато семејство, па од мали нозе е навикната на луксуз. Завршила во приватно училиште, но на крајот се определила за пеење.
Нејзините слики од плажа, кои се појавија неодамна, откриле дека Елетра напорно работела за да ја доведе својата линија до совршенство. Имено, нејзиното атрактивно тело и извајаните нозе биле во прв план, додека уживала на сонцето.
Таа привлекувала внимание и со разни скандали, а еден од најзапаметените бил кога рекла дека сака и мажи и жени. Учествувала во реалното шоу Jersey Shore, и иако многумина очекувале дека ќе продолжи со своето вообичаено промискуитетно однесување и пред камерите и ќе има сексуални односи како и сите учеснички, тоа не се случило.
„За добар секс потребна е страст, а тоа тешко е да се постигне со едно состанување“, објаснила тогаш Елетра која јавно се декларирала како бисексуалка.
Сепак, и покрај експериментирањето со жени, на крајот пронашла среќа покрај холандсиотдиџеј Афро Џек, а двојката се венчала кон крајот на септември 2020 година на езерото Комо.
Богатата наследничка е позната како некој што не се плаши од тоа да покаже малку кожа, па многупати се има појавувано во крајно дегутантни изданија, а голем поборник е и за тетоважи и пирсови.
Не е реткост папараците да ја уловат без горниот дел од костимот за капење, додека таа гневно ги пцуе. Овој пат се местела на лежалка додека не ги забележала папараците, а потоа сето внимание го насочила кон своето куче.
Инаку, богатата наследничка многупати има нагласувано дека претпочира природен изглед, без силикони, а вели дека на себе немала ниту една интервенција и дека не користела филери.
“Многумина ми велеа дека сум предебела и дека со парите што ги имам можам да отидам на липосукција. Но јас не сум како тие што целите се оперираат, претпочитам природен изглед, без филери“, изјавила таа во една пригода.