На традиционалната Vanity Fair забава во пресрет на Оскарите, големо внимание на црвениот тепих првлекоа Деми Мур и нејзината 31-годишна ќерка Румер кои беа главни звезди на вечерта.
Тие заедно стигнаа на забавата и изгледаа како сестри. Двете убави дами беа облечени во слични фустани, но во различни бои. Деми Мур беше облечена во црн фустан, додека Румер во бел.
Инаки, Румер која е најстара ќерка на Деми Мур во бракот со Брус Вилис, беше дел од филмската екипа на филмот на Квентин Тарантино “ Беше еднаш во Холивуд“ кој е номиниран за Оскар.