Улогата на помошничката Исаураво „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика.
Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.
Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „:„Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.
За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…
Не многу ги сака социјалните мрежи и не е меѓу поактивните корисници, но затоа во себе има огромна љубов за животни.
извор: Вистина.мк