Очигледно, Бред Пит не успеа да ја импресионира актерката Кристина Еплгејт. Кристина и Бред почнаа да се забавуваат во 1989 година. Во тоа време, тие сè уште работеа на тоа да се пробијат во Холивуд.
Кристина никогаш не го именувала човекот поради кој го оставила Бред.
Во текот на една емисија Кристина раскажала дека во 1989 година среде состанок, односно на доделувањето на „MTV Video Music“ наградите, го оставила Бред поради друг маж.
Потоа ја прашале кој бил тој друг маж:
„Морам ли да го кажам тоа? Не морам ништо“; изјавила Кристина. Со желба да се извлече од сочните детали, водителот наместо тоа ѝ поставил некои потпрашања на актерката.
Ја прашал дали тој таинствен човек е актер, на што актерката брзо рекла „не“, па наговестила дека сепак е позната личност. Меѓутоа, кажала дека не завршила со тоа момче и на крајот открила дека никогаш повеќе не го видела Бред Пит после таа ноќ.
Би помислиле дека Кристина Еплгејт го оставила Пит поради барем еднакво убав човек.
Гил од култната серија „Gilmore Girls“ во 2016 година признал дека тој е таинственото момче поради кое Кристина го одбила Бред. Да, тоа бил Себастијан Бах, пејачот на групата „Skid Row“, а кога Кристина во едно интервју ја прашале: „Која била најглупавата работа која некогаш ја направила?“, таа одговорила: „Една вечер го напуштив Бред Пит поради друг тип“.
Значи, Кристина го одбила Бред поради рок-ѕвездата. Целосно разбирливо, особено во време кога рокерите изгледале како богови. Сепак таа тогаш имала само 18 години.
Можеби само сакала да се забавува, а тука бил и Себастијан, згоден, млад пејач од рок-група по којшто лудувале многу жени ширум планетата и лепеле негови постери над својот кревет.
Кристина Еплгејт никогаш не кажала ништо за тврдењата на Себастијан Бах и никогаш нема да дознаеме што точно се случило таа вечер.
На фановите им е интересно тоа што Кристина некогаш многу личела на Џенифер Анистон. Дури тие толкувале улоги на сестри во серијата „Пријатели“.
Бред започнал да се забавува со Џенифер во 1994 година и се венчал со неа во 1999 година. Подоцна Џенифер поднела барање за развод од Бред во 2005 година, по гласините дека имал афера со колешката Анџелина Џоли – останатото е историја.