Американските кошаркарки Калани Браун, Кортни Вилијамс и Кристал Бредфорд предизвикаа голем скандал откако во јавност се појави снимка на која учествувале во тепачка.
Двоминутното видео кое е направено во мај покажува тепачка во која три кошаркарки на Атланта Дрим се тепаат пред ресторан за брза храна.
Американските медиуми пишуваат дека конфликтот настанал бидејќи некој коментирал дека девојката на споменатата кошаркарка е грда, а нејзината соиграчка Кристал Брадфорд се обидела да ги смири страстите иако и таа учествувала во тепачката.
Вилијамс се обидела да ја објасни својата страна на приказната во видеото што подоцна го избришала, но дури потоа настанал вистински скандал, бидејќи било откриено дека клубот знаел за конфликтот и одбил да реагира.
„Однесувањето на снимката е неприфатливо и не ги одразува вредностите на оваа организација“, соопштил тимот на ВНБА од Атланта пет месеци откако дознале за тепачката , чии видеа се појавиле и за да се осигура дека тоа нема да се случи повторно ги отпуштиле сите кошаркарки кои учествувале во конфликтот.
THIS SHIT AINT CUTE,
AS THEY THINK IT IS.#FREECHENNEDY pic.twitter.com/vOiSzn9OPN— Chennedy Carter’s Leg Sleeve (@TweenTween3) October 3, 2021