Партизан ја победи Мега со 89:82 на натпревар во АБА лигата, но неколку часа по завршените возбудувања на теренот, неколку играчи на српскиот великан имале УФЦ предизвик пред еден ноќен клуб во Белград.
Четири ѕвезди на Партизан биле дел од брутална улична тепачка пред познат ноќен клуб во српската престолнина, а сега се појавија и првите видеа од немилиот настан.
Големиот инцидент се случил ноќта меѓу недела и понеделник во раните утрински часови, а од жестоката тепачка која настанала, две лица имаат лесни телесни повреди, а едно има и потешки телесни повреди, особено во пределот на главата.
Тоа е последица на жестокиот удар кој го добил од Карлик Џоунс, кој во моментите на целосно лудило, решил да распрсне стаклено шише од главата на едно младо момче со кое влегол во конфликт.
Кошаркарот на Партизан е приведен во полиција и осомничен како најагресивен во инцидентот, но изјави ќе треба да даваат уште тројца кошаркари на српскиот великан кои биле дел од хаосот, а тоа се Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Ниликинa.
https://twitter.com/i/status/1919470507272863949