Новинарката Анета Кочишки, раскажа вистинита приказна која жените последниве денови најмногу ја коментираат на социјалните мрежи. Анета сними видео во кое вели:
„ Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска. Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото. Ја слушнавте вистинската животна приказна на Елеонора. Но, во темницата остануваат уште илјадници неслушнати приказни на жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна, треба да се чуе. Затоа, слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жените и девојчињата.“, вели Кочишки како поддрша за кампањата „Слушни ја – 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња.“
Слушајќи го видеото на почеток, се добива впечаток дека Кочишки раскажува своја, лична приказна, особено откако новинарката, која е мајка на две ќерки се разведе од нејзиниот сопруг. Сепак, ова видео е дел од кампањата која ја поддржа таа и уште неколку жени од јавниот живот.