Актерката Мишел Родригез овој јули крстосува со својата јахта на Сардинија. Ѕвездата на „Брзи и бесни“ дефинитивно е љубител на активните одмори, а додека уживаше во акробациите ѝ се случи мала незгода, која ја забележаа папараците.
Всушност станува збор за вообичаена работа што се случува во лето, а која е особено интересна ако станува збпр за припадник на светот на познатите. Нејзиниот костим за капење се лизна, што не го пропуштија папараците.
Покрај улогите, актерката многумина ја знаат и како вљубеник во природниот изглед, па во 2016 година беше фотографирана во Мексико со „шишки под пазувите“.
Нејзиното „не“ за депилацијата имаше влијание, а за тоа се’ уште се зборува, па Мишел Родригез се вбројува меѓу ѕвездите кои не сакаат секогаш да ги отстрануваат влакната од пазувите, како и Мадона и Мајли Сајрус.