Двајцата костимографи Метод Чешнар и Петер Моврин кои претходно работеле со големи светски звезди како Бијонсе, Ријана, Лејди Гага, Бјорк… ќе се гражат за костимите на Северина и на танчерита на преостјојната турнеја ‘The Magic Tour“ која ќе започне на 16 ноември. Двоецот ќе се грижи за костимите на Северина, 15 танчери како и на целиот симфонијски оркестар.
Чешнар и Моврин имаат работено со големите звезди во светот на модата како Стела Мекартни, Џон Галијано и Александер Мек Квин.
Инаку, претходно Северина ја прекина соработката со нејзиниот долгогодишен стилист Петар Трбовиќ.
“ Со Северина работев 12 години, но во последнава години носењето на одлуките за нејзиниот стајлинг го презедоа луѓе со кои воопшто не се согласував. До прекин дојде пред турнејата ‘The Magic Tour“ за која требаше да ги подготвам костимите, но одлучив да се повлечам и да ја прекинам соработка со Северина. На “Севе“ и посакувам успех и уште многу повеќе приватна среќа“, изјавил Петар Трбовиќ.