Мајката на Коста Кецмановиќ (13) кое на 3 мај го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар е сослушана во полиција по барање на Првото основно јавно обвинителство во Белград по покрената истрага поради сомнение за запуштање и злоупотреба на малолетно дете.
Како што пишува српскиот весник „Курир“, кобниот ден, пред да ги застрела другарите и соучениците, момчето се предомислило и сакало да и се јави на мајка си да дојде да го земе!
„Дошол на училиште вооружен и со план, но во моментот кога го видел чуварот Драган, кого го сакал и ценел, сепак сакал да се откаже од се’ и почнал да и’ вика на мајка си да дојде да го земе. Меѓутоа, кога видел дека чуварот сака да му помогне бидејќи забележал дека се однесува чудно и се доближил, го извадил пиштолот и го застрелал, а потоа почнал да пука во училиштето и убил девет негови другари“, вели изворот на „Курир“.
По злосторството рекол дека е сам во се’ и дека никој немал поим што прави, па не сака да го меша семејството.
Според пријателите на семејството на момчето, неговата мајка сакала тој да биде најдобар, а тој наводно сакал да ги задоволи родителите, но никој во тоа време не гледал на тоа како проблем кој може да има страшни последици.
Како што дознава „Курир“, мајката на момчето во полиција зборувала за семејните односи, како се сложувала со синот, сопругот и каков однос имале двајцата.
Мајката, која беше под истрага за сомнеж за запуштање и злоупотреба на малолетно дете, во полиција изјавила дека никогаш не можеле да претпостават оти момчето може да биде насилно.
Таа потврди дека тоа било хармонично семејство, дека таа и нејзиниот сопруг живееле заедно и дека се грижеле за децата.
Обвинителството претходно испрати барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наложи да се сослушаат мајката на осомничениот, разговор со педагогот и психологот вработен во „Владислав Рибникар“ основно училиште како и сите други мерки што треба да се преземат за целосно утврдување на фактичката состојба.
Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето (13) и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденцијата.
Таткото на момчето е обвинет дека претходно го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција и се наоѓа во притвор.
Момчето за 120 секунди застрелало 16 луѓе со пиштолот на неговиот татко. Кобниот ден испукал дури 57 истрели од пиштолот.