Коста Петров денеска преку својот Фејсбук профил ја најави својата последна активност како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“, напиша Петров, откако ја сподели анализата на перформансот на компаниите ко-финансирани од ФИТР.