Косовскиот малопродажен гигант „Вива Фреш“ постигна договор со македонскиот трговски синџир „Тинекс“ во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ, ексклузивно дознава порталот Shqipmedia.
Вредноста на купопродажниот договор се вели дека е некаде околу 90 милиони евра, додека продажбата се очекува да биде потпишана и официјализирана во наредните денови.
Косовската компанија „Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“, чија продажба беше официјализирана минатата година. Со купувањето на компанијата „Тинекс“, компанијата „Вива Фреш“ ќе биде лидер во продажбата на мало во Македонија.
Според извори на Shqipmedia , „Вива Фреш“ преговара и со уште една мрежа на супер маркети, но се уште нема конечен епилог од овие разговори.
„Фактор“ стапи во контакт со директорот на „Вива Фреш“ за Македонија, Беким Беќири, кој ги демантираше информациите.
– Тој медиум заслужува тужба за таквите информации што ги пласира непроверено. Можам слободно да каѓам дека нема никаква вистина во тоа, изјави Беќири.