Се појави нов план за Балканот, нов “нон пејпер“ од анионимни автори кој кружи по Европа, овојпат за судбината на Косово и Србија.
Документот, кој редакцијата на порталот Б92 има увид содржи 16 точки, и претставува мал дипломатски подвиг, бидејќи со плановите не се прекршува ниту еден принцип утврден со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН 1244 “, објави германскиот магазин ” Zuerst “. Според тој план Косово останува во Србија во наредните 99 години.
Овој не-пејпер предлага сите косовски граѓани, а особено 873.000 косовски Албанци, да добијат државјанство на Република Србија. Исто така, предлага во Косово и во Србија, во април следната година, се одржаа заеднички избори, на сите нивоа.
Во нон пејперот се наведува дека избраниот косовски гувернер треба да биде и заменик-претседател на Националното собрание на Србија, пишува “Zuerst” што се поврзува со принципи од германското право.
Покрај тоа, во наредните 99 години, Белград мора да гарантира посебен статус за провинцијата Косово.
Сообраќајот и трговијата меѓу Косово и Србија повторно треба да се стимулираат, а надворешни граници ќе бидат преземени заедно помеѓу претставниците на Косово и Србија.
Како што тврди српскиот амбасадор во ООН, според овој нон пејпер, на неговата функција треба да има заменик утврден од властите во Приштина.
Овој нов документ, според “Zuersti”, се разликува од другите предлози и верува дека со него навистина би можеле да ја заживеат дебатата за иднината на косовските Албанци.
Новиот нон пејпер го предвидува Косово како провинција на Србија но, што е ново, тоа е воедно и предлог за партнерство помеѓу Белград и Приштина.
Реализацијата на ова решение, според германскиот магазин, може да биде минирано во САД бидејќи ваков мирен договор помеѓу Белград и Приштина значи потиснување на САД од Балканот.