Во втората полуфинална вечер на Евровизија 2023 синоќа, во финалето се пласираа претставничките на Албанија, Албина и Фамиља Кељменди, родени во Пеќ.
Тие на прес-конференција одговараа на новинарски прашања и кажаа дека нивната земја го слави успехот на нивната делегација на Евровизија 2023 година, а по тој повод тие ја спомна и „Голема Албанија“.
„Ние сме иста крв, иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка голема Албанија“, рече Кељменди, што можете да го погледнете во видеото подолу.
Финалето на Евровизија 2023 ќе се одржи во сабота.
Финалистите се: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.