Асдрит Капај од Косово полицијата го поврзуваа со серија на грабежи во Велика Британија, во кои се ограбени и куќите Борис Бекер и фудбалерот Николас Анелка. Наводно, Анелка трчал по него во градината за да го фати, но Капај бил побрз и избегал.
Капај признал дека во последните десет години украл накит во вредност од 550.000 фунти. Тој живеел во Манчестер, а со грабежи започнал од 2002 година, па се до оваа година, кога е фатен. Најголем плен на ден му е 371.855 фунти украдени од една куќа.
Инаку, интересно е што комшиите за Капај имаат само убави зборови. Тој живеел со сопругата и двете деца и никој не се сомневал дека е криминалец. На судењето се појавил сомнеж дека тој има проблем со коцката.