Нашиот најпознат медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат како „Космонаутко“ неодамна со објава на својот Фејсбук – профил ги извести своите пријатели и бројни обожаватели дека заминува на принуден одмор.
Денес, повторно тој се огласи преку својот Фејсбук-профил, овојпат со среќна вест.
„ 5 дена во Градска болница (онаа центарската, јас уште си ја викам Градска :)). 5 дена за чиста 5ка за прием, однос, третман од целиот персонал. А тек каква супа имаат, абе прсти и лажица да излижеш. Не можам никого посебно да издвојам затоа што сите овде се ФанТасТичНи. Во секој случај најбитното е што се реши проблемот, со што уште еднаш се покажа дека здравјето е на прво место, дека треба да го слушаме организмот и најмалите сигнали да ги третираме за озбилно а не секогаш да си наоѓаме „логични“ одговори. Ова особено важи за луѓе како мене кои се 50 годишни младичи. Почитувајте го своето здравје, не дека треба на секое да трчаме по болници но и да не ги занемаруваме сигналите. Ви благодарам на сите за огромната поддршка, енергија и љубов што ми ја праќавте и сè уште секојдневно праќате, ве сакам и гушкам. Вистинскиот одмор допрва почнува и ќе потрае. Набрзо повторно ќе се дружиме утрински само да бидам во целосна форма, зошто инаку не можам квалитетно да упропастам песна, може да ја утнам и да ја погодам. Гуш и бац мои драги мои мноштво накај милион пријатели од Денко Космонаутко“, напиша Јанкуловски.