Алена Кравченко, која поради својата коса долга речиси 2 метри го добила прекарот “златокоса“, поради својот необичен изглед добива понуди за брак од мажи од сите страни на светот. 34-годишната Алена Кравченко од Украина славата ја стекнала по својата долга коса, која не ја кратела речиси 30 години. Денес просечната должина не нејзиното влакно изнесува 1,8 метри.
Таа минатата година отворила своја инстаграм-страница, на која секојдневно објавува фотографии од својата бујна, раскошна коса, а засега ја следат повеќе од 13.000 луѓе.
Оваа Украинка истакнува дека на Инстаграм постојано ѝ пристигнуваат предлози за брак, а многу мажи ја прашуваат и дали можат само да ѝ ја помирисаат и да ја погалат.
“Многу мажи се восхитуваат на мојата коса, сакаат да ме запознаат, да патуваат со мене, ме канат да ја посетам нивната земја, а често ми нудат и љубов. Сепак, на сите заинтересирани странци кои ме запросуваат преку интернет, не им одговарам на пораките за да не им дадам лажна надеж”, рекла таа.
Инаку, оваа дама од Украина, вели дека зад косата се крие голема нега, односно има точна процедура на миење, сушење и местење. Косата ја мие еднаш неделно, а за тоа е потребно околу еден час. Секогаш нанесува заштитни производи на крајот, а често носи и плетенки и пунџа.