Поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ а сегашна советничка на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, Косан Мазнева на десетгодишнината од смртта на нејзниот сопруг Благојче Мазнев преку Фејсбук побара одговорност.
-На 26.07.2009 година во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15 часот. И после десет години од неговата смрт при кристално јасен случај – лекарска грешка, корумпираното здравство, со спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи. Спиете ли мирно доктор Слободан Ристовски и доктор Виктор Камиловски? Спиеш ли мирно „часни” суде? Јас и моите деца – Не! За вас знам, ве заболе за човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите вас, уште долги, долги години. Ова не се заборава – напиша Мазнева на Фејсбук.
Инаку, Благоја почина на 38-годишна возраст при рутинска операција на камен во мочниот канал.