Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) ја објави новата мапа на која е прикажана моменталната епидемиолошка ситуација во земјите на ЕУ.
Словенија веќе со недели се наоѓа во темноцрвената зона, а со секој нареден ден имаат сè повеќе потврдени случаи на Ковид-19.
Балтичките земји и Ирска, Романија и Бугарија остануваат во темноцрвената зона, Германија и Полска главно се во црвена зона со делови на темноцрвена, а епидемиолошката ситуација се влошила и во Австрија, Чешка и Словачка.
Франција и Португалија се целосно во портокалова зона, додека пак епидемиолошката ситуација е најповолна во Италија во која има и зелени делови.
Скандинавските земји се во црвена боја, а Шведска која минатата седмица беше во целосно портокалова зона, сега речиси е целосно во црвена зона, а само нејзиниот централен дел останал во портокалова зона.
Инаку, ECDC секој четврток ја објавува корона-картата во која се прикажува каква е ситуацијата со пандемијата во земјите на ЕУ.
Црвено значи дека бројот на активни случаи во последните две седмици е меѓу 75 и 200, а удел во позитивните тестови на Ковид-19 е четири отсто или повеќе и дека вкупниот број на случаи за 14 дена е поголем од 200, но помал од 500.
Темноцрвени се оние кои имаат вкупно 500 или повеќе активни случаи за 14 дена. Бројките се следат во однос на 100.000 жители.
Темноцрвени се оние кои имаат вкупно 500 или повеќе активни случаи за 14 дена. Бројките се следат во однос на 100.000 жители.