Педесет и четири нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 3.764 тестирања, а регистрираните заразени се во: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти и нема починати пациенти.