Министерството за здравство информира дека тројца пациенти починале од компликации од ковид-19, а регистирани се 10 нови случаи на зараза.
Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г).
Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.