Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2, Куманово – 1.
Регистрирани се 332 оздравени пациент од: Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).
Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.