Потврдени се 33 нови случаи на инфекција со коронавирус во округот Бјеловар-Билогора во Хрватска, а сите тие луѓе биле заразени на свадба.
-Ги добивме првите резултати и 33 лица се позитивни. Имаме три случаи од порано, така што има вкупно 36 случаи од таа една свадба, а 233 лица се во самоизолација и тие се поврзани со таа венчавка, -рече главниот епидемиолог на округот Весна Гргиќ.
Таа додаде дека сеуште се чекаат некои резултати, па може да има и повеќе заразени.