Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово – по 3, Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.но