Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г , 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 05.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.