Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1.
Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.
Регистрирани сe 296 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 11, Битола – 10, Велес, Гостивар и Охрид – по 8, Кочани и Дебар – по 4, Кичево, Ресен и Кратово – по 3, Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.