Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница – по 2, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Comments are closed.