Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш – по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка , Кратово и Демир Хисар – по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Струга и Македонска Каменица – по 1.
· Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 28, Кавадарци – 26, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип – 8, Велес – 7, Кочани – 6, Охрид и Крива Паланка – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци – по 2, Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81г, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.