Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија – по 15, Кочани – 10, Велес и Охрид – по 9, Струмица – 8, Гостивар и Штип – по 7, Радовиш и Делчево – 6, Кичево, Неготино и Берово – по 5, Тетово и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.
Регистрирани сe 775 оздравени пациенти од: Скопје – 229, Битола – 72, Прилеп – 66, Делчево – 42, Куманово и Тетово – по 30, Велес и Струмица – по 29, Радовиш – 26, Кавадарци – 23, Гостивар – 21, Штип – 20, Крушево – 17, Охрид – 16, Кочани и Неготино – по 15, Кичево – 14, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 10, Богданци – 8, Берово, Валандово, Струга и Виница – по 7, Ресен, Пехчево и Демир Хисар – по 5, Дебар и Македонски Брод – по 2, Свети Николе, Македонска Каменица и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.08. до 21.08.2022 година.