Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2, Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.
Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.