Денеска се регистрирани 316 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 194.891.
Оздравени се 240 пациенти, во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со Ковид 19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
• Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
• Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.
• Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.