Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.
Со едноставен трик трајно излечете ја габата на вашите стапала!
Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Битола – 26, Кавадарци – 19, Охрид – 16, Прилеп – 12, Куманово – 11, Штип – 9, Велес, Делчево и Кичево – по 8, Неготино – 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4, Тетово, Струмица и Ресен – по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2, Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.