Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе , Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 87г), и едно починато лице од Кавадрци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.