Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци – 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип – по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1.
Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г).
Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.