Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово – по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и Ресен – по 3, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.