Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово , Тетово , Струмица, Кичево , Струга и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип – 12, Охрид и Ресен – по 9, Тетово, Струмица, Кочани и Неготино – по 7, Гевгелија и Делчево – по 6, Струга и Крива Паланка – по 5, Демир Капија – 4, Богданци – 3, Свети Николе, Кратово, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Макденоска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г) ,Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.