Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 894 тестови регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, од кои 18 реинфекции, како и 42 оздравени пациенти. Во истиот период нема регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство информира.
Од новорегистрираните 110 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 72, Битола 8, Куманово 6, Кавадарци, Штип и Неготино по 4, Кочани 3, Прилеп и Гостивар по 2 и Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по 1.
Меѓу регистрираните 42 оздравени пациенти од Скопје се 34, Кочани и Охрид по 2 и Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија по 1.