Направени се 1.649 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 46, Битола – 14, Прилеп – 11, Тетово, Струмица и Неготино – по 3, Кавадарци и Охрид – по 2, Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции.
Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 41, Битола – 4, Кавадарци– 2, Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Свети Николе, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.