Изминатите 24 часа се регистрирани 190 нови КОВИД случаи, оздравеле 293 пациенти, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
Според МЗ, направени се и 2.636 тестирања.
Од новите КОВИД болни, во Скопје се 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .
Оздравеле во Скопје – 138 пациенти, Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Меѓу починатите 10 лица, две се од Скопје ( 78г, и 83г), а по едно од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите починале во болнички услови.