Од 3.156 направени тестови во изминатите 24 часа регистрирани се 674 нови случаи на ковид-19, а од нив 98 се реинфекции. Оздравени се 978 пациенти, а починале 12 лица на возраст од 55 до 88 години. Дополнително од Мој Термин се пријавени уште 9 лица кои починале во претходен период, а биле на возраст од 48 до 92 години.
Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево по 5, Македонски Брод и Демир Капија по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово , Дебар и Богданци по 2, а во Кратово и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 978 оздравени пациенти од кои од: Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод по 2, Виница и од Демир Капија и Дојран по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66г, 74г, 74г и 78г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022, а од нив 5 се починати во домашни, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.