Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 842 тестови, а регистрирани се 60 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 63 оздравени пациенти од: Скопје – 36, Битола – 10, Штип – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Прилеп и Струмица – по 2, Тетово, Ресен и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г). Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 05.05. до 08.06.2022 година.