Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19.
Во Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2, Делчево и Богданци – по 1.
Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).
Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.