Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.447 тестирања, а регистрирани се 463 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 218, Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани – по 14, Штип – 13, Делчево – 12, Охрид – 9, Струмица и Берово – по 7, Ресен – 6, Крива Паланка – 5, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 4, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 3, Радовиш, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 336 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 29, Прилеп – 25, Велес – 20, Штип и Струмица – по 18, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Куманово – 11, Берово – 8, Неготино и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Делчево, Ресен, Кратово и Гостивар – по 3, Виница и демир Хисар – по 2, Македонска Каменица, Кичево, Радовиш и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 7 починати лица од Скопје (44г, 54г, 61г, 67г, 71г, 73г и 94г), по 2 починати лица од Кавадарци (37г и 72г) и Радовиш (51г и 79г), по едно починато лице од Кратово (93г), Куманово (92г), Прилеп (82г) и Крива Паланка (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови.