Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Берово и Пробиштип – по 5, Ресен, Кичево и Кратово – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Демир Капија – 2, Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.