Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово – по 14, Гостивар и Неготино – по 12, Штип и Гевгелија – по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по – 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 202 оздравени пациенти од:
Скопје – 105, Куманово – 18, Кавадарци – 14, Тетово – 11, Штип – 8, Неготино – 7, Гевгелија -6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица и Ресен – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.