Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес – 31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.